Македонија

Мицкоски на ФБ: За ова нема да слушните во говорите на премиерот – на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари

Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат новинари, се вршат закани, уцени, само затоа што сакале да објават репортажа за тоа колку тешко живеат граѓаните на Арачиново, каде градоначалник е токму од партијата СДСМ, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде:

Во 21 век на само неколку километри од центарот на главниот град луѓето немаат вода за пиење, канализација и основни услови за живот. Уште пострашно е што критиката за она што луѓето го живеат, не значи решавање на проблемите на граѓаните, туку силеџии кои им се закануваат на новинари, и згазена слобода на говор и слобода на медиуми. Најостро го осудувам ваквиот брутален инцидент и потребна е правда и одговорност. За сето ова нема да чуете во говорите на премиерот или нивниот кандидат за претседател, затоа што тие се заслепени од лажното блескање кое значи само едно, одење големи чекори наназад, напиша Мицкоски.

Заев се фали дека блескаме, Пендаровски вели дека одиме напред, а на 5 километри од Центарот на Скопје се киднапираат…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, April 18, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток