Македонија

Штабот на Река демантира дека на нивно барања е снимени заедничко видео со Силјановска

Видеото во кое се пласира интервју од двајцата кандидати, е направено од „Другата страна на политиката“,како што велат од штабот на кандидатот за претседател, Блерим Река.

„Во врска со неовластено видео кое се појавува и циркулира на Фејсбук страницата, ние штабот на претседателскиот кандидат Блерим Река, ја информираме јавноста за следното:

-Ова видео не е ниту производство на штабот на РЕКА, ниту нарачано видео за нашиот штаб.

-Тоа никогаш не е објавено ниту е нарачано од нашата официјална страница, но на други различни страници на фејсбук.
-Автор на ова видео е: „Другата Страна на Политиката“, која ја има реализирано идејата за трите профили од тројцата претседателски кандидати. На барањето одговори нашиот кандидат, но не и кандидатот Стево Пендаровски.

-Од ова се створи забуна затоа што луѓето мислат дека двајцата кандидати снимија заедничко видео, а тоа не е вистина.

-Преку ова официјално соопштение ние негираме секое инсинуација против нашиот претседателски кандидат кој наводно има заедничко видео со противкандидатот Гордана Силјановска“, пишуваат од штабот на РЕКА.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток