Скопје

19-годишник изгубил контрола врз возилото и се превртел

На 19.10.2018 година околу 00,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo.

„Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  П.Ѓ., а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д.(18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток