Македонија

Божиновски: Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика

СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прерс денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот. Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани?
Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот?
Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше сега пред избори машините да работат.
Георгиески да одговори дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?

Врз основа на кои проекти и одобреенија работи сега?
Немате ниедно одобрение и затоа работите ноќе и во темница.

Господа од СДСМ,

Никој повеќе не паѓа на ефтини финти.
Свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти.
Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески.

Ниту цела владина ескадрила, ниту сите министри нема да го спасат Георгиески од пораз.
На 21 април народот ќе ја врати власта во свои раце, а Охрид ќе биде убав град, град на проекти и дела, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток