Македонија

Ахмети: Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за ТВ21, ја коментираше изјавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој рече „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.

–Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција, рече Ахмети.
Ахмети меѓу другото се пофали дека како што кажа За 15 месеци ја ставиле на колена ВМРО.

Тој додаде и дека доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток