Македонија

Богојески молчеше па демантира дека бил во Унгарската амбасада, “Скопје 1” бара извинување за навредите

Реформаторот Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ одби да потврди или негира дали вчера бил во Угнарската амбасада во Скопје, за денес да демантира.

Иако тимот на “Скопје1.мк”, нема обврска да го објави неговиот демант, од причина што беше исконтактиран пред објавување на веста, истиот ви го пренесуваме со цел точно и објективно информирање.
„Во целост ги демантирам лажните информации објавени од skopje1.mk и информирам дека никогаш не сум имал средба во Унгарска Амбасада, со пратеничката Даниела Рангелова!

Ја повикувам Embassy of Hungary in Skopje/Magyarország Szkopjei Nagykövetsége да ја демантира оваа вест.
Ова е класичен пример за лиферување на лажни вести со задна нечесна намера, со цел дезинформирање на јавноста.

Потврдувам дека имам комуникација со претставници на Унгарија, а во секој наврат не пропуштам да прашам, кога ќе го екстрадираат лицето Никола Груевски, со цел да ја докаже неговата невиност пред македонскиот Суд!

Очекувам споменатиот портал да го објави овој демант!

#ПравдазаНикола
#ЗаправоиправдавоМакедонија
#Татковинатаповикува“, пишува Богојески, во демантот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток