Избори 2019

Предвремени локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село

Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.

Според избирачкиот список на Државната изборна комисија, за предвремените локални избори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.
Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.

Најчитани

To Top
Close