Македонија

Денеска е Цветници – се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим

Денеска православните христијани го слават цветници ,празникот цветници познат уште и како цветоносна недела и врбица, секогаш е една недела пред велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.

При влегувањето на Исус Христос во Ерусалим неговите ученици и следбеници со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток