Свет

Уапсени четири лица за филмскиот грабеж во Тирана -парите сеуште не се пронајдени

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана.

Уапсените се на возраст од 25 до 38 години. Тројца од нив се од Елбасан, додека четвртиот е од градот Круја. Петтиот учесник во „грабежот на векот“, Адмир Муратај беше убиен кусо по настанот во престрелка со полицијата.

Во полициската акција се одземени материјали како доказ, но засега нема трага од украдените пари, кои според медиумите, изнесуваат од пет до 10 милиони евра и им припаѓаат на три банки во Тирана.

Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија, објави „Танјуг“. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток