Македонија

Антикорупциската комисија откри сомнителни вработувања на роднини на функционери, прекршочна за министерот Бектеши

Сомнителни вработувања на роднини на функционери откри антикорупциската комисија. На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е посочено дека комисијата ќе контактира со надлежните министерства за да предложи анализа на законите за регулација во јавниот сектор, за да се утврди дали постои злоупотреба и има влијанија врз процесите на вработување во администрцијата, при што потоа ќе ги извести Владата и Собранието.

Од ДКСК се анализирани 18 случаи за непотизам при вработување, а откриено е дека во државните и јавните институции се вработувани роднини на повеќе пратеници и функционери. Дополнително, утвредно е дека кај шест од вработувањата на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработување и тие не одговарале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен.

КСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.
Според Антикорупциска, сестрата на министерот Бектеши ја добила работата во МЕПСО од 73 кандидати.
За потсетување, Бектеши тврдеше дека не живее заедно со сестра му, но Антикорупциска утврдила во пријавата на неговата сестра на огласот дека како место на живеење стои истата адреса на која живее министерот.

Сомнителни вработувања на свои роднини има и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.

Покрај Бектеши и Кирацовски, сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При Вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток