Република

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи – Реис. По вчерашната негова изјава за судијката Сузана Дончевска која донела решение со кое во судскиот регистар се запишува Скендер Бузаку за нов Реисул Улема на ИВЗ, обвинителството соопшти дека Реџепи ќе биде повикан на распит и ќе се постапува во рамките на веќе претходно отворениот предмет за говор на омраза.
„Ја слушам дека има проблеми со здравјето, али не го жалам, таквите нека починат што побргу“ – изјави Сулејман Реџепи – Реис.

Реџепи не штедеше зборови ниту за претседателот на комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, ниту пак за неговиот заменик. Ги обвини дека и тие се дел од сценарото за негова смена.
– „Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава.“ – се вели во соопштението на СЈО.

Осуда за говорот на омразата на поглаварот Реџепи стигна и од Владата.

– „Ова не е прва скандалозна изјава на поглаварот. Претходно Реџепи доби кривична пријава исто за говор на омраза, откако Македонците ги нарече дивјаци и луѓе без идентитет.“ – изјави Миле Бошњаковски – Портпарол на Влада на РСМ.

Најчитани

To Top
Close