Свет

Ким Џонг Ун: Дојдов во Русија со добри чувства, се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржаа тет а тет средба во Владивосток по што следуваа разговори на поширокоите делагации меѓу двете страни.

Оваа средба е светска тема број еден денеска Аналитичрите ја споредувааат средбата со онаа меѓу Ким и американскиот претседател, Доналд Трамп.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изрази надеж дека неговата прва лична средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде „успешна и корисна. Во почетокот на разговорите двајцата лидери се согласија дека Русија и Северна Кореја имаат, како што изјавија,„многу да направат“ за да ги зајакнат економските врски.

Путин, исто така, ги поздрави напорите на Ким за нормализирање на односите на Пјонгјанг со Соединетите држави.

„Дојдов во Русија со добри чувства, се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна. Се надевам дека преку преговорите со драгиот претседател Путин ќе можам да разговарам за одредени прашања за помирување на Корејскиот полуостров и за развојот на односите меѓу нашите земји. Мој срдечен поздрав до целиот руски народ“, истакна Ким Џонг Ун .

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток