Свет

Уапсен Косовец за грабежот на векот на аеродромот во Тирана

Албанската полиција уапси Косовец поради вмешаност во „грабежот на векот“ што се случи на 9 април на аеродромот во Тирана, кога беа украдени повеќе милиони евра. Станува збор за Рагип Хајдини (50), познат како Даја (вујко). Хајдини е шесто уапсено лице вмешано во грабежот, а според министерот за внатрешн работи на Албанија, Сандер Леши, апсењата ќе продолжат.

Претходно уапсениот Алконд Бенгаси (34), еден од членовите на криминалната група, кој се согласи да соработува со Обвинителството, како учесници во грабежот посочи двајца Косовци кои ги знаел под псеводнмот Даја и Тани.

Бенгаси беше уапсен на 23 овој месец на аеродромот во Тирана при обид да ја напушти земјата и да замине за Бугарија.

Тој исто така потврдил дека групата ја сочинувале девет лица, меѓу нив и една жена, Е.Бици (31), која го запали возилото со кој побегнаа ограбувачите и во друг правец ја насочи полицијата, за која подоцна беше утврдено дека е поранешна албанска полицајка.

Засега нема трага од украдените пари, кои според медиумите се од пет до 10 милиони евра и припаѓаат на три банки во Тирана.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток