Свет

Хрватските синдикати собираат потписи за референдум – тие се против пензионирање на 67 години

На главниот загрепски плоштад Синдикалната иницијатива „67 е премногу” почна со собирање потписи за референдум за измени на Законот за пензиско осигурување, со цел да се спречи подигнување на старосната граница за целосна пензија на 67 години.

Собирањето на потписи ќе трае две недели, а за да мора да се покрене референдум за ова прашање потребно е синдикатите да соберат 380 илјади потписи, што е 10 проценти од вкупниот број на гласачи.

Синдикатите бараат да се врати старата возрасна граница од 65 години за одење во пензија и дополнително правото за предвреме заминување во пензија да биде на старосната граница од 60 години при што казнените пенали би се намалиле од 0,3 на 0,2 проценти.

Синдикалната иницијатива именувана како „67 е премногу“ смета дека во буџетот има доволно пари за пензии, само што тие пари не се праведно организирани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток