Свет

Снег во Словенија

Снегот што паѓа во Словенија направи проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на некои патни правци на северозападот на земјата.

Снежните врнежи од утрово најпрво беа на подрачје на Крањска гора, а подоцна и во Бохињ и во Селшката долина, пренесуваат словенечките медиуми. СНегот паѓа на надморска височина од околу 800 метри.

Сообраќајниот информативен центар за државни патишта ги предупреди возачите дека заради снегот затворен е патот кој оди преку превојот Вршич, како и превојот Коренско седло на автриската страна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток