Свет

Директен судир меѓу автобус и камион, четворица загинати кај Куршумлија

Четири лица загинаа, а повеќемина се повредени во директен судир меѓу автобус и камион што изутринава се случи на магистралниот пат Ниш-Приштина, во општина Куршумлија. Како што пренесуваат локалните медиуми, загинати се возачите и двајца патници. Во извештаите од српското МВР се наведува дека авотбусот, сопственост на компанијата „Ниш Експрес“, по судирот се запалил и делумно изгорел. Се посочува дека местото на настанот е поголем свиок и оти во моментот на несреќата врнело дожд. Сообраќајот на тој дел од патот подолго време бил во прекин.

Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи неколкумина од повредените се во критична состојба. Причината за несреќата ќе се утврдува.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток