Македонија

Сиљановска доби поддршка и од Бошњаците во Македонија

,,Благодарам на поддршката од Демократска Бошњачка Партија и г-н Салко Куч. И Бошњаците како и сите граѓани се свесни дека само со владеење на правото можеме да ја европеизираме Македонија“-пишува на еден од профилите на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, која помеѓу двата круга е во трка по гласовите на другите народи во Македонија, освен на Македонците.

Таа се обиде да ги придобие Албанците со изјави дека има побратими меѓу нив, или дека можела да се омажи со Албанец во минатото и слично, но сѐ уште нема средби со граѓаните од овие етнички заедници.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток