Лондонски суд го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор затоа што пред седум години кога се засолнил во амбасадата на Еквадор не платил кауција.
Асанж минатиот месец по долго криење и барање азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон беше изведен и веднаш уапсен.
САД го обвини оснивачот на Викилис, Асанж и за учество во една од најголемите шпионски афери.
Мислењата за Асанж во светот се поделени за едни тој е херој кој откри големи злоупотреби на моќта , со кои современите држави ја ограничуваат слободата на говорот, а за други пак е опасен човек кој ја загрозил безбедноста на САД.
