Коментари

Дац се огласи за метлата на Фејсбук

Драган Спасов Дац, актерот кој му ја даде „метлата” на премиерот Зоран Заев на митинг, се огласи вчера на социјалните мрежи и сподели фотографија со шега на своја сметка па напиша наскоро, со што се означува дека според него по 5 Мај метлата ќе заигра како што рече Заев.

Coming soon…

Posted by Dragan Spasov Dac on Wednesday, May 1, 2019

Инаку, Дац му ја подари метлата на Заев среде митинг во Карпош кога тој најави дека по изборите ќе има чистка, а сето тоа предизвика лавина реакции.

„Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само:  Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави потоа  за САКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top