Свет

Најжестоките протести ќе ја тресат денеска Тирана

Блокади на патиштата ширум Тирана ќе се случуваат денеска.

Според најавите на првиот албански опозиционер Луљзим Баша во 18 часот сите главни патни правци во Албанија, кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани.

Баша тврди дека земјата е во голема криза а опозицијата ќе продолжи со акции на секој план.

За денеска во Албанија се најавени најжестоките протести а опозицијата ќе ги одреди задачите на преодната влада.

На последните протести ситуацијата ескалираше при што имаше и повредени а полицијата со  солзавец и водени топови и реагираше на бесната толпа.

ФОТО: The New York Times

ТЕКСТ: Фактор

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток