Македонија

Силјановска за 1 мај со семејството во винарија, Најчевска и порача дека ги помешала празниците

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска, вчерашниот меѓународен ден на трудот го прослави во винаријата Стоби заедно со семејството. Ова е прво појавување на Силјановска во јавност со нејзиното семејство.

„Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно. Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!
Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија “Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим. За многу години!“, напиша Силјановска на фејсбук.

На тоа професорката Мирјана Најчевска, која е жесток критичар на говорите и настапите на Силјановска, порача дека 1 Мај е празник кој се прославува со протест на улица, а не во винарија.

„1Мај е симбол на борбата за работнички права. 1Мај не е семејна слава. Сѐ си помешала госпожа. 1Мај се одбележува на улица, на протести, а не со чаша вино во винарија. Појма немаш ти драга моја за што станува збор“-пишува Најчевска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток