На неполни две недели откако беше поставен споменик на Александар Македонски во Атина истиот е вандализиран. Грчкиот весник „Ефимерида“, објави дека на споменикот се испишани погрдни коментари. Споменикот се наоѓа во центарот на главниот град на Грција.
Од весникот наведуваат дека е чудно што ова се случило затоа што споменикот деноноќно го чува полициска патрола, која е стационирана на само неколку метри од него.
На натписот стои дека Александар бил крвник, кој колел луѓе и оти Ѕвездата од Вергина греела хомосексуалец.
Фото: Eфимерида