Македонија

Заев со низа обвинувања: Гордана не знае што е „п“ од правда“

Низа обвинувања од страна на премиерот Зоран Заев упатени до кандидатката Гордана Силјановска-Давкова од трибината во Битола.

„Режим повеќе никогаш во Македонија нема да дозволиме да се врати. Системот е веќе поставен. Без разлика дали сака Силјановска, тоа нема да го дозволиме. Гордана не знае што е „п“ од правда. За неа правда е амнестија за Груевски. Со Стево ќе има правда за сите“, рече Заев.

Тој ги повика сите да разговараат со блиските, пријателите, роднините и да ги убедат да гласаат за Пендаровски.

„До оние кои не гласаа, кои ни се лутат, оние кои гласаа за Силјановска-Давкова, за Река.. Оваа одлука е за заедништвото и одењето напред или враќањето назад. Прстот на чело и одговорност за државата. Ве повикувам да си ја исполните граѓанската должност и да изберете претседател на нашата земја. Ве повикувам сите да донесеме одговорна одлука. Цел свет тоа го поздрави. Нема друга алтернатива“, додаде Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток