Македонија

Пендаровски се прогласи за претседател: Излеговме од дното, ќе служам на секого

Стево Пендаровски на почетокот на прес-конференција ја започна на македонски и албански, со што им се заблагодари на сите кои гласале за него.

„Ова беше нашиот мудар народ. Оваа победа денеска е победа на мнозинството граѓани на Северна Македонија, која без разлика на етничка припадност се обедини и рече ‘Заедно напред, никогаш повеќе режим’. Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред како луѓе, семејство, држава. Излеговме од темното дно и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме. Исходот е поголем успех затоа што овие избори се победа на заедништвото. Победата на овој концепт носи иднина за Северна Македонија и наша карта за Европа. Доказ дека само стабилност, безбедност и прогрес се можни кога сме обединети. Ќе стојам зад секој чесен граѓанин, ќе обединувам и нема да делам. Ќе бидам претседател на сите. Ќе забележувам, ќе критикувам. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните, а знам дека успех е можен со искрен пристап, соработка и трпение“, рече Пендаровски.

Пендаровски му се заблагодари на Заев за поддршката, но и на против кандидатите Блерим Река и Гордана Силјановска-Давкова.

„Сакам да ви ветам една работа, ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите ни тука, ни во странство. Ви благодарам на поддршката“, додаде Пендаровски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток