Македонија

Заев: Мицкоски е поразен!

Премиерот Зоран Заев ја потврди победата на Стево Пендаровски. Тој рече дека граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Заев упати порака и до ВМРО-ДПМНЕ на која и порача дека треба да се реформира

„Имаме успешни и демократски избори, добивме претседател на државата. Оддекна мнозинската граѓанска определба. Продолжуваме заедно и одговорно напред. Патот е потврден и пополчен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Ова е победа на концептот, но пред се на граѓаните и републиката. Денес сите можеме да славиме, оти покажавме дека имаме земја која е европска, но и народ со демократски определби. Имаме беспрекорно чисти избори во двата круга. Северна Македонија има врвни демократски капацитети. Од денес ништо повеќе не е исто. Никој не може да застане на патот за прогресот и перспективите. Граѓаните го кажаа своето. Од преброени од 96,5 проценти од гласовите, Стево Пендаровски има освоени 423 илјади гласови, а Силјановска нешто над 360 илјади гласови, што е разлика од 55 илјади гласови“, рече Заев.

Заев рече дека нема веќе режим и дека ова е крај на мрачното минато.

„Мицкоски е поразен, поразени се политиките на ВМРО-ДПМНЕ на сеење страв. Ќе се учи за оваа политичка пракса и демократска зрелост. Честитам претседателе Стево Пендаровски. Да ми ги чуваш и штитиш граѓаните. Биди секогаш праведен и правичен, објективен, критичен. Еве ги резултатите кога се слуша граѓанскиот глас. Оваа генерација политичари и граѓани, одговорија на аманетот на претците. Со пенкало и глас донесовме исправна одлука. Заедно напред. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој претседател“, додаде Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток