Свет

Затворена полициска станица во Париз поради болви

Една полициска станица во североисточен Париз е затворена поради наезда на болви или стеници.  Болвите ги напаѓале полицајците и останатите службеници, соопштил денеска синдикатот на полицијата кој ги критикувал неприфатливите услови за работа.

– Веќе неколку дена службениците во полициската станица во 19. арондисман се жртви на наезда на болви кои ја попречуваат нивната работа – се наведува во соопштението.

Синдикатот додал дека неколку службеници побарале лекарска помош поради каснувања, наведувајќи дека сè уште се утврдува дали се работи за болви или стеници, или за двата инсекти.

 

На почеток