Свет

Војводата и војвотката – Хари и Меган добија син

Војводата и војвотката од Сасекс објавија на социјалната мрежа инстаграм  дека му посакуваат добредојде на своето првородено дете – син, во раните утрински часови.

Бебето е родено денес на 06. 05. 2019 год., рано во 5.26 часот по локално време, со тежина од 3.260 килограми. Mајката и бебето се добри.

Среќниот Хари рече дека се „апсолутно возбудени“ и ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката.

Тој рече дека Меган и бебето се „исклучително добро“ и додаде дека сѐ уште размислуваат за името на новороденчето.

Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, леди Џејн Фелоес, леди Сара Мекоркодејл и ерлот Спенсер се информирани и се воодушевени од веста“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток