вто. Ное 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе трае од 9 до 12 мај, а неговата четиридневната програма ќе опфати повеќе дискусии, изложби, перформанси, раскажувачки слем, театарска претстава, две работилници, концерти, диџеј сетови, едно предавање и проекција на филм, сите реализирани во просториите на МКЦ.

На пресот ќе се најават повеќе информации за Фестивалот, а веднаш по пресот почнува и првиот дел од дискурзивната програма на која ќе се дискутира за гинекологијата и акушерството, сервисите, достапноста и третманите со кои жените се соочуваат во доменот на репродуктивното здравје. На панелот ќе учествуват Министерот за здравство – Венко Филипче, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство Д-р Ана Данева Маркова од Гинеколошко-акушерската клиника, здравствената медиаторка Љатифа Шиковска и Елизабета Божиноска која е програмска директорка на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување. Официјалното отворање на ПРВО ПА ЖЕНСКО е закажано за истиот ден, во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар, по што ќе се продолжи со останатата програма.

Фестивалот е поддржан од FRIDA – Young Feminist Fund, Министерство за култура на РМ, Град Скопје, Амбасада на Кралството Холандија во Скопје, Амбасада на Кралството Шведска во Скопје, The Kvinna till Kvinna Foundation и се реализира во соработка со ЈУ МКЦ – Скопје, МОТ+, Фестивал Место Женск – Словенија, Фестивал на европскиот филм Синедејс, Музеј на современа уметност – Скопје, Пасворд Продукција (ТАКСИРАТ фестивал), ИСКРА Букинг, МЕДУЗА, Театар на сенки Сенки и облаци, ЦИНИК – Центар за истражување на национализмот и културата и Пич Прич.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close