Свет

Филип го убил најдобриот пријател, неговата сопруга раскажа детали за злосторството

33-годишната Ивана Савовиќ, некогашна сопруга на Филип Гаврановиќ, обвинет за свирепо убиство на пекарот Никола Остојиќ, вчера до детаљ опишала како Гаврановиќ се однесувал после злосторството.

Ивана три недели била во брак со стаклорежачот Филип, кога тој, како што информираат српските медиуми, на 3-ти ноември 2017-та година во својата работилница во Белград, го убил најдобриот пријател, сопственик на пекара, Никола Остојиќ, а сега пред судот раскажала како Филип се однесувал после убиството.

Таа рекла дека од моментот кога семејството на Остојиќ го пријавила неговото исчезнување во полиција претчувствувала дека нејзиниот сопруг има врска со тоа и на крајот отишла во полиција и го пријавила.

-Сомнежот со кој живеев три дена, со никој не го споделив. Се плашев дека Филип има некаква поврзаност со исчезнувањето, но не помислував на најлошото. Се грижев дека Никола е киднапиран и дека му треба помош, раскажала таа и објаснила дека се започнало ден претходно, кога дознала дека Филип на неговиот најдобар пријател му должел 2.000 евра.

На денот кога се случило убиството, Гаврановиќ му ветил дека ќе ги врати парите, а таа, разочарана и бесна, сакала лично да види дека долгот е подмирен.

Поради тоа во 18 часот отишла во работилницата на својот сопруг. Решетките биле спуштени.

-Го повикав Филип, беше вознемирен, страшно звучеше, викаше да не стојам таму, туку да се спуштам по улицата. Беше црвен, испотен, зглобовите му беа отечени и модри. Рацете му беа целосно исечени. Ми рече дека се повредил во работилницата. За време на возењето отвораше врата и повраќаше – раскажала таа пред судот, која после злосторството го поништила бракот со Гаврановиќ.

Потоа, Гаврановиќ однеле пари кај семејството на убиенот и заминале дома да спијат. Утрината, сопругата на Остојиќ им кажала дека Никола исчезнал. Тогаш Ивана почнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг има врска со сето тоа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток