Македонија

Преговорите за СЈО се театар за јавноста, Заев има 80 пратеници за изгласување на законот?

Законот за јавно обвинителство тапка во место. Црвените линии и од власта и од опозицијата тврдат дека нема да ги поминат. Во јавноста веќе кружат гласини дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО се само театар за јавноста, оти премиерот Зоран Заев има обезбедно 80 пратеници кои ќе гласаат за законот.

„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане и евентуално, тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителството. Таквиот став е неприфатлив, бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела“, кажа Дескоска.

Дали Катица Јанева и нејзиниот тим ќе останат на нивните позиции – зависи од Советот на јавни обвинители, власта се оградува од преговорите за кадровските решенија. Но за целосниот Закон за Јавно обвинителство велат дека ако не постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ, ќе бараат поддршка од другите партии, за да се стигне до бројката од 80 пратеници.

Предвидувањата за кои се поизвесно е дека се точни, кажуваат дека премиерот Зоран Заев парламентарно мнозинство ќе обезбеди со осумината пратеници кои гласаа за уставните измени, а потоа беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток