пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Џафери на албански јазик ја започна седницата, Вучиќ и Радев со слушалки, Тачи сè си разбира

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата за инагурацијата на новиот претседател на државата ја започна и ја води на албански јазик, користејќи го своето право кое му е дадено со Законот за јазици што беше изгласан пред неколку месеци.

Инагурацијата на Стево Пендаровски во Собранието започна, а присутни се голем број на странски дипломатски претставници. Присутните гости, меѓу кои претседателите на Србија и Бугарија користеа слушалки за симултан превод од албански на македонски јазик. Претседателот на Косово, немаше потреба од слушалки, бидејќи сè разбираше.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close