Магазин

(Видео) Хрватски хирурзи успешно изведоа комплицирана операција – раздвоија сијамски близначки

Сијамските близначки Валентина и Кристина од Загреб, успешно беа одвоени по 15 часовна операција, што е историски успех. Родителите Марија и Петар, се одлучиле за ваков чекор, и не се откажуваа од близначките.

Зафатот се изведе во Клиничко-болничкиот центар „Ребро“ во Загреб. Операцијата ја излеве 14 лекари.

Валентина и Кристина се родени споени во долниот дел од градниот кош и имале  заеднички црн дроб и црева. Нивното одделување, според лекарите, било една од најкомплицираните медицински процедури. За само два месеца од операцијата, девојчињата добро напредуваат – нивната тежина е двојно зголемена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток