Видео

(ВИДЕО) Полицаец уби бремена жена во Тексас

На социјалните мрежи се појави видео од трагична пресметка меѓу полицаец и 45-годишна жена во Тексас.

На снимката се гледа како жената и полицаецот се борат, а жената се противи додека полицаецот се обидува да ја уапси. Таа му вели на полицаецот да ја пушти бидејќи е бремена по што се слушаат истрели.

Полицаецот испука неколку куршуми во жената, од кои еден бил смртоносен.

„Сè уште е рано да се каже што и да било, но истрагата засега покажа дека еден наш искусен полицаец патролирал низ населбата на патот Гарт кога му пришла една 45-годишна жена, која ја познавал од претходно и знаел дека против неа имаме отворено налог за апсење. Полицаецот се обидел ѝ стави лисици, но таа му го зела електрошокерот и го употрбила на нашиот службеник. Поради тоа, тој бил принуден да употреби службено оружје и испукал неколку куршуми, од кои најмалку еден ја погодил жената“, објаснил шефот на полицијата, Стив Дорис.

Најчитани

To Top
Close