пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Книгата на Груевски распродадена, се спрема дополнително издание

Целиот тираж на книгата „Искуства за иднината”, напишана од поранешниот премиер Никола Груевски е распродаден.

Ова го соопшти сопственикот на издавачката куќа ЃУРЃА на Фејсбук и најави издавање на дополнителен тираж.

„Драги мои, првиот тираж на книгата на д-р Никола Груевски, ИСКУСТВА ЗА ИДНИНАТА, во издание на ЃУРЃА, е распродаден. Со оглед на големиот интерес што тој наслов го предизвика меѓу најшироката читателска публика, издавачот подготви дополнително издание.

Бодејќи ЃУРЃА нема своја книжарница, ќе ги замолиме колегите кои имаат книжарници, да го преземат дополнителниот тираж и книгата да им ја понудат на читателите. За тоа како и каде ќе може да се набави книгата, ќе ве известиме најдоцна до утре, среда, 15 мај 2019„ информира Никола Костески.

Груевски претходно најави дека во септември ќе излезе и англиска верзија од книгата.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close