пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Ова се првите 10 финалисти на Евровизија

Од 17 земји кои настапија синоќа, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Македонија со Тамара Тодевска ќе настапи утре во втората полуфинална вечер како претпоследна од 18 учесници. Другите претставници се од Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Латвија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија и Азарбејџан.

Во финалето, в сабота , 26 земји ќе настапат, а ќе можат да гласаат сите 41.

Покрај пласираните од полуфиналињата, ќе пеат и претставниците на големата четворка плус земјата домаќин: Италија, Франција, Германија,  Шпанија, Англија и Израел.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close