Скопје

Изминатото деноноќие 6 сообраќајки во Скопје, шест лица го загубија животот

Во текот на изминатиот ден (14.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои шест лица ги загубиле животите.

Од преземените сообраќајни мерки констатирано е дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Наедно, четворица возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шестмина поради неправилно престројување, а исто тоолку возачи заради неправилно престигнување.

Тројца возачи се санкционирани поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило а 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Покрај ова, од сообраќај се исклучени 28 возачи: 26 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, а двајца биле возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Во текот на изминатит ден издадени се 65 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

 

 

 

Најчитани

To Top
Close