Скопје

(ФОТО) Другарите се простуваат од полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево

На социјалните мрежи на страната ТВРДОКОРНИ, беше поставена фотографија од загинатиот полицаец Јованче Лазаревски познат под надимак Шиљо, кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка. Со него во возилото беа уште четворица негови блиски.

Несреќата се случи вчера доцна вечерта. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу товарно возило марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, кое било управувано од М. Ј. (44) од Скопје и патничко возило ‘рено 5’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. Л. (43) од Скопје. Во несреќата возачот Ј. П. и сопатниците возилото ‘рено’, С. Н., А. Т. (54) од Скопје, Е. Т. (37) од Скопје и И. А. (40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.

Во сообраќајката настрада поранешен полицаец Јованче Лазаревски, вработен во ПС Драчево.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток