Коментари

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени, имам поддршка со сопартијците

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни измени, а најголема поддршка како што вели, добила од сопартијците. Исмајлоска-Старова вели дека потапила според сопственото убедување, а ги отфрла шепкулациите дека добивала закани за да гласа.

„Постапив според сопственото уверување. Поддршката која отворено пристигна од голем број граѓани, а и од меѓународниот фактор, е момент кој треба да се обидеме да го искористиме во наша полза, за нашата татковина. Одговорно ги отфрлам наводите за некакви закани кон мене при одлуката којашто ја донесов во македонското Собрание“, вели Исмајлоска-Старова за „Макфакс“.

„Не сум загрижена за својата безбедност, особено не, бидејќи постојано добивам поддршка од граѓаните, меѓу кои моите сопартијци се најбројни. Во политиката, како најважен дел од животот на народните избраници, има моменти во кои мора да се донесат и тешки одлуки“, додава пратеничката Исмајлоска-Старова.

Денеска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова која гласаше за уставните измени во Собранието, да го врати мандатот. Аџиоски додаде дека 7.700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори, не и дале легитимитет на Исмајлоска-Старова да гласа за промена на Уставот и името на Република Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток