Македонија

Започна постапката за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Претседатеот на Собранието Талат Џафери ја извести Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот Никола Груевски неоправдано отсуствува од работа во Собранието повеќе од шест месеци.

Според членот 59 од Деловникот,предлог за одземање на мандатот на пратеник поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието.

Според овој член, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник како што е случајот со Груевски поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето. Ако комисијата препорача одземање на мандатот, потоа на пленарна седница е потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.

Претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток