пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Богоевски: Ме снимал таксистот додека разговарам

Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот кој вчера беше објавен од него, го снимил всушност таксист додека тој се возел во такси.

Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил.

Тој претходно потврди дека е негов гласот на снимката, но дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.

„Очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата“, напиша претходно Богоевски.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close