На 15.05.2019 година околу 01.00 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар, поради сомнение за непријавен престој и нелегална работа, ги привеле албанските државјани Г.Џ.(37), П.Х.(46), Б.М.(35) и А.Х.(40).
Тиe се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар по што ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.