Република

Сведоштво за несреќата кај Драчево: Вработените од Бензиските ги вадеа патниците

Јованче Лазаревски од Драчево е возачот кој вчера го управувал автомобилот, кој според Обвинителството, вегол во спротивна лента и удрил во камион на Комунална хигиена. Откако се слушнал ударот, први на помош стигнале вработените во околните бензиски пумпи. Сликата била прелоша, а автомобилот бил смачкан.

Вработените велат дека максимално се труделе да им помогнат на повредените, но и дека било тешко да се извадат од автомобилот, бидејќи авомобил немало, туку само остатоци од лим. Прво што слушале била силна врева.

Направиле се што можеле, велат сведоци на несреќата. Автомобилот се движел од Драчево кон центарот на Скопје, а несреќата се случи 20 минути пред полноч. Во сообраќајката возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.

Најчитани

To Top
Close