Македонија

Илиевска до Богоевски: Дај си оставка, си играш со емоциите на луѓе болни од канцер на кои навистина им треба масло од канабис!

Дај бре човече опрај се , дај си оставка и онака штета нанесе на цело движење , штета и за идни генерации никогаш повеќе да не поверуваат во искрени граѓански протести и желба за промена, напиша Ангела Илиевска, граѓански активист, на социјалната мрежа Фејсбук.  Таа во продолжение додава:

-Граѓанскиот активизам на кој некој работеше со години го сведе на пазарџиство во кој друг ја плаќа цената. Во текстов умешно играш со емоции на луѓе кои се болни од канцер и навистина им е потребно масло од канабис.

Не е за мене за другар ми е, е одлика на основец. Па и врапчињата низ Скопје веќе знаат. Еден е изборот да се уништиш себеси друг е изборот да уништиш идеал !

На почеток