пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев: Жените во Република Македонија треба и мора да се чувствуваат еднакви

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фесјбук.

„Жените во Република Северна Македонија треба и мора да се почувствуваат еднакви, сигурни, почитувани, вклучени и целосно интегрирани во општество со нулта толеранција за било каков облик на насилство.

На презентација на Извештајот на ОБСЕ за благосостојба и безбедност на жените истакнав дека покрај досегашните напори на Владата, работиме на нови и јасни законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство.

Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кои се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Наша заедничка обврска е тоа да го овозможиме. Да нема дилеми – жените се нашата сила за напред и наши еднакви партнери“, напиша Заев.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close