нед. Авг 18th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Босна: Судски полицаец си играл со пиштолот и случајно убил човек

Судскиот полицаец Младен Д.  убил маж на влезот во судот во местото Власеница, во источна Босна. Полицаецот според медиумите најверојатно си играл со пиштолот и случајно убил 52-годишен маж во Босна и Херцеговина.

Наводно, станува збор за млад полицаец кој неодамна почнал да работи во Судската полиција.

– Тој седеше во портирница со останатите колеги и најверојатно играјќи си со пиштолот го погодил несреќникот, кој доаѓал во судот бидејќи имал судење – рекол очевидец.

Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52), инаку  татко на три деца.

фото: haber.ba

 

Close