Скопје

Мајката која си го остави новороденчето во парк е малолетна е и неможе да се грижи за бебето , еве ги деталите

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и рекла дека неможе да се грижи за бебето. Според нејзината изјава бебето нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, објавува Слободен Печат.

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.

Полицијата треба да се изјасни дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила во паркот веднаш по породувањето.

Инаку бебето пред два дена беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток