Македонија

Заев-Пендаровски: Соработка меѓу владата и претседателот за интензивирање на реформските процеси во државата

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

На средбата, премиерот Заев упати честитки за стапувањето на функцијата и му посака успешна работа на претседателот Пендаровски.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО.

Претседателот и Премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток