Фирмата „Кадино Индустри Груп Дооел увоз извоз“ реагира на тоа што нивна реклама е злоупотребена во хајката што се води против пратеникот, Павле Богоевски.
„Друштво за производство и промет КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз, целосно се оградува од видеото под наслов „Нашето тајно оружје„ кое е пласирано во јавноста од страна на профилот РЕМЕТ МК. Имено, оригиналното видео е преземено од страна на горенаведениот портал без претходна согласност од страна на КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУП. КАДИНО ИНДУСТРИ ГРУПДООЕЛ увоз-извоз е реномирана фирма која долги години работи на македонскиот пазар и пошироко и е позната по своите високо квалитетни производи, па поради тоа употребата на нашата реклама и лого во материјал кој рекламира психотропни супстанци претставува сериозен атак врз долгогодишното работење на КАДИНО“, соопштија од фирмата.