Република

Кривични против поранешните градоначалници на Македонски Брод и Пехчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03.03.2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод.

Најчитани

To Top
Close