нед. Авг 18th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Михајловски доби условна казна затвор за заканите кон Тричковски

Тони Михајловски доби условна казна за заканата која ја упати на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски.  Михајловски на својот фејсбук профил на 16 јуни 2017: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Михајловски кој на денешното рочиште призна вина и му се извини на новинарот за заканите.  Тој доби  условна казна затвор од три месеци, ако во рок од една година не го повтори делото.

Tричковски немал барања за отштета и за дополнителен прогон. По пресудата, Тричковски на фејсбук напиша дека Михајловски се извинил и ветил дека повеќе нема да стори дело за кое денеска беше суден.

„Мојата малeнкост сметаше дека е тоа доволна сатисфакција.Му пружив рака на Михајловски, се откажав од натамошен прогон и какви било оштени барања. Пресудата ќе биде дополнително објавена, но веќе сега е јасно дека со оглед на горните околности, Михајловски ќе ја добие најблагата казна. Јас сум задоволен, а колку што можев да забележам, сите во судницата беа задоволни. Тони, од разбирливи причини, посебно.

Не е убаво да се тепаме по секоја цена, ако имаме правна и морална сатисфакција. Освен тоа, мораме да ги ослободуваме капацитетите на судот и на обвинителството за важните процеси кои ќе не одведат кон општествена рехабилитација низ правото“, напиша Тричковски на Фејсбук.

Close